Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчера во 06:10 часот се случила на магистралниот пат Градско – Прилеп.

Како што соопшти денеска МВР, на крстосницата на ул.„Пролетерска“ и магистралниот пат во Росоман, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.З.(45) од Штип и патничко возило „фолксваген шаран“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(49) од Кавадарци.

Во незгодата, со повреди се здобиле возачот на патничкото возило и сопатниците С.Ф.(52) од Неготино, С.П.(38) од Кавадарци, К.Ј.(46) од Неготино и С.П.(76) од Кавадарци и биле пренесени во болницата во Кавадарци.

Извршен бил увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.