Пет луѓе се повредени кога автомобил, што се движел во близина на бензиска пумпа во Градско, околу 19 часот паднал од патот на железничката пруга.

Како што информира за МИА началничката на Брза Помош, д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова, изјави дека кај сите повредени биле констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.