Петмина Албанци вчера попладне биле приведени во ПО Групчин, поради нерегулиран престој и обид за кражба во Македонија.
На 14.06.2019 година во 17:00 часот во Полициското одделение Групчин биле приведени А.Ш.(20), Д.Ш.(29), Ш.Ф.(47), Ш.К.(20) и З.Ш.(43), државјани на Република Албанија. Во центарот на селото Ларце, Тетовско, полициски службеници ги затекнале и констатирале дека немаат потврда за регулиран престој во Република Северна Македонија. Подоцна, било утврдено дека две од лицата се обиделе да извршат кражба во куќата на А.И.(74) од с.Ларце. Лицата биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка – велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.