Пет повредени полицајци од кои двајца потешко е билансот по инцидентот откако биле нападнати од агресивни дрвокрадци близу селото Степанци, помеѓу Прилеп и Велес.  

Еден од претепаните полицајци поради повреди на черепот префрлен е во Ургентниот центар во Скопје.

Како итни случи донесени се пет лица, две се со потешки повреди. Едниот пациент поради повреди на черепот е префрлен на Ургентен во Скопје, а вториот е со рана на стомакот и е во шок соба, засега останува во Болница. Трите остани лица се со полесни повреди, изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес, пренесува порталот тирековмирече.мк

Инцидентот се случил околу 19 и 45 часот кога полициска екипа од Чашка, отишла на интервенција, откако биле запленети две возила со нелегално исечени дрва.

Со години назад дрвокрадци ја пустошат шумата околу село Степанци, на стариот пат од Велес за Прилеп, преку планината Мукос.

Шумските полицајци во претходните случаи сведочеа дека дрвокрадците се и агресивни, се закануваат со пиштоли, со секири и ладно оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.