СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја расчисти тешката кражба која на први минатиот месец беше извршена од банкомат, поставен во маркет во Гостивар и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против пет лица: М.А.(32) и Р.Р.(33) од скопско Долно Свиларе, Н.Р.(47)и А.Б.(36) од скопско Арачиново и против 24-годишната М.К од Република Албанија.

Н.Р и А.Б. денеска наутро (10 јануари) лишени се од слобода, а Р. Р. издржува притвор за друго кривично дело.

Пријавените се сомничат дека со употреба на сила од банкомат одзеле милион и 800 илјади денари. Приведените со соодветен поднесок денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.