Синоќа околу 23 часот на улица „Васко Карангелески“ во Битола, непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешакот С.В. (55) од Битола и го напуштило местото на настанот.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола.

Увид извршила екипа од СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.