На територија на целата држава вчера беше спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците, при што беа изречени вкупно 249 мерки, од кои 166 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, 46 мерки се за непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник, 18 за некористење на тротоар или друга површина наменета за движење на пешаците, 14 за движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз. За време на контролата регистрирани се и 155 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.