Обвинетиот Мунир Пепиќ, кој денеска беше осуден на 15 години затвор за случајот „27 април“ побара од судот да не биде ставен во пpитвор, бидејќи не сака да биде одвоен од своето семејство.

Тој рече дека е фамилијарен човек и дека семејството му е сè.

Моето најголемо задоволство е да седам дома со мојата ќерка во скутот. Барам да не одам во притвор сè до одлуката на Апелација за овој случај, рече Пепиќ.

Да не биде одделен од семејството побара и об винетиот Оливер Радулов.

Како фамилијарен човек семејството ми е најважно. Барам да не ме одвојувате од семејството, рече Радулов.

Поради своите семејства да не одат во притвор побараа и останатите обвините. Тие потсетија и дека под гаранција дека нема да бегаат веќе се дадени и нивните куќи, но и куќи на нивни пријатели, кои ниту на крај памет, како што рекоа, нема да ги остават на улица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.