76-годишна жена вчера околу пладне физички нападнала двајца вработени во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во близина на седиштето на ПИОМ во скопската населба Аеродром, соопшти полицијата.

„На 01.06.2021 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на ПИОМ, на подрачје на Аеродром, Д.Х.(76) од Скопје физички ги нападнала С.Љ.(46) од с.Глумово, скопско и М.Л.(62) од Скопје, двајцата вработени во ПИОМ“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.