Претседателот Стево Пендаровски ѝ ја скрати затворската казна за шест месеци на Ивана Јангеловска, мајката која беше осудена бидејќи во 2012 година ја задуши свјата тримесечна ќерка со перница, објави „Фокус“.

Одлуката за помилување на триесетгодишната Ивана Јангеловска Манасиева денеска била објавена во Службен весник. Претседателот ја донел одлуката на предлог на Комисијата за помилување. Утврдено било дека убиството било сторено додека мајката била во постпородилна депресија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.