Педесетгодишен тетовец пријавил дека бил измамен од сограѓанин. Двајцата пред околу девет месеци се договориле на оштетениот да му биде обезбедена парцела на Попова Шапка за сума од 1.300 евра, според информациите од МВР. Тетовецот ги дал парите, но откако проверил дека не постои таква парцела побарал да му бидат вратени, по што добил назад само 610 евра.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.