Вечерниот патнички воз од Скопје за Битола во саботата тој удрил во лице кое било на пругата кај Велес, потврдија од Македонски железници (МЖ) и од СВР Велес, а за случајот алармираа малкуте патници кои се затекнале во возот. Инцидентот се случил околу 21,10 часот на излеот од Велес во правец на Битола, на пругата близу основното училиште „Васил Главинов“.

„Местото е во кривина, но машиновозачот свиреше бидејќи го видел лицето кое било на пругата. Откако закочи и возот застана, службите лица на МЖ, машиновозачот, кондуктерот излегоа, а лицето кое беше удрено, маж на 50-тина години, немаше видливи повреди. Тој објаснуваше дека се криел од полиција, бидејќи ја нападнал сопругата и сега го барале. По некое време, човеков исчезна. Кога дојде полицијата го немаше“, кажува патник од патничкиот воз, сведок на настанот.

Тој бил еден од 30-тината патници во возот. Дома на железничката станица во село Мартолци бил во 1,30, а возот требало да пристигне во 21,35ч. Од МЖ кратко кажаа дека се случил инцидент, откако лице кое било на пругата било удрено.

„Според прописите, настанот мора да се пријави во полиција, што од страна на службените лица од патнички воз било сторено. Кога тие дошле, оштетениот го немало“, велат од МЖ.

Од велешката полиција потврдија дека примиле пријава за инцидент на пругата Велес-Битола, на подрачјето на град Велес.

„Добиена е пријава дека патнички воз за Битола удрил во лице, кој во тоа време било на пругата. Кога полициски екипи дошле на местото на настанот, човекот го немало“, кажа Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Извор: СДК

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.