Две ваги се пронајдени на булеварот „Партизански одреди“, за кои полицијата вечерва доби дојава дека на дел од булеварот има непозната направа.

Од МВР за МИА информираа дека вечерва околу 19 часот е добиена дојава дека има непозната направа на бул.„Партизански одреди“ во Скопје.

-Веднаш се преземени соодветни мерки за обезбедување на просторот и упатени тимови за проверки по што е утврдено дека станува збор за две ваги, соопштија од МВР.

Сообраќајот по булеварот се одвива нормално

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.