Вчера во 09,05 часот било пријавено дека на Градската автобуска станица во Куманово, при изведување градежни работи (реконструкција на фасада) од скеле (висина од околу два метри) паднал Т.А.(61) од Куманово.

Според пријавеното, тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде му е констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.