Судечкиот совет во случајот „Тортура“ денеска донесе пресуда со која ги ослободи од обвинение за апсењето на Љубе Бошкоски обвинетите Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК и поранешните припадници на полициската единица „Алфа“.

Судечкиот совет, како што образложи судијката Александра Ристеска донесе ваква одлука поради тоа што обвинителството не докажало дека е сторено кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Освен Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, беше осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување” од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ, обвинети беа и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани. Сите тие се ослободуваат од обвинението со денешшната пресуда.

Случајот „Тортура” го водеше судијката Александра Ристеска, а застапник на обвининението беше Љубомир Лапе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.