Вчера во 12:30 часот во СВР Куманово од Итната медицинска помош Куманово било пријавено дека во Куманово, на ул.„Мирче Ацев“, бил пронајден починат А.Г.(74), кој, според пријавеното, паднал од скала.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, при што било констатирано дека околу 12.15 часот, А.Г. се качил на дрвена скала, висока околу два метра, потпрена на бетонска бандера за да работи на објект. Скалата се излизгала, а тој паднал пред влезот од гаражата и починал.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.