Адвокатката Калина Корнажева Бошнакова, која вчера загина со своето семејство во авионската несреќа на Солунска глава, е од познато адвокатско семејство во Бугарија, пишува бугарски Блиц.

Тие ја истражуваат нејзината родова карта и дошле до сознание дека нејзиното семејство потекнува од Габрово и е во роднинска врска со поранешната бразилска претседателка, Дилма Русеф, која, како што е познато, има бугарски корени.

Таткото на Калина Крнажева е познат бугарски адвокат, поранешен министер за правда и пратеник, Петар Корнажев.

Калина Корнажева имаше 47 години и загина заедно со своите две ќерки Гергана (14) и Билјана(18) години.

При падот на авионот загина и нивниот татко Георги Бошнаков, кој според последните информации, пилотирал со малиот авион марка ,,Цесна“.

Георги Бошнаков, бил поранешен шеф на одделот за „Имплементација и одржување на информатики и технологии“ во рамки на бугарсата Агенција за регистрација, информираат бугарските медиуми.

Потоа започнал приватен бизнис и во моментот имал компанија за рециклирање на отпадоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.