Во несреќата што се случи попладнево околу 15 часот на планината Галичица, тешко повредена е парагладеристка од Украина. Таа изгубила контрола додека летала во неповолни услови и паднала во близина на Mакедонско – албанската граница, јавува Охридњуз.

Во моментот кога украинската параглајдеристка го изведувала летот, зад неа летал уште еден параглајдерист. При тоа на девојката и се случил колапс на крило, поради што дошло до неконтролирано движење на нејзиното летало во правец на Албанија. Таа отворила помошен падобран, но јачината на ветерот придонела за пад при што била носена од ветрот низ падина околу 200 метри.

Другиот параглајдерист ја забележал незгодата и се упатил да и помогне.

Неофицијално, девојката има повреди на рбетот и на екстремитетите, но е вон животна опасност. Во моментов се очекува таа со хеликоптер да биде транспортирана, најверојатно во Клиничкиот центар во Скопје, а на готовс е и екипата за спасување на планина и непристапни терени на Црвениот крст – Охрид, која веднаш по инцидентот пристигнала на местото на настанот и ги лоцирала параглајдеристите 650 метри на албанска територија.

Акцијата за нивно извлекување се одвива во координација помеѓу македонските и албанските власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.