Отворена е нова група како „Јавна соба“, а Министерството за внатрешни работи (МВР) веќе работи на детектирање на членовите и од оваа група.

Пртпаролот на МВР, Тони Ангеловски, во емисијата „360 степени“ изјави дека досега се приведени четири лица инволвирани во првата група во која се споделуваат приватни фотографии телефонски броеви од девојки меѓу кои и од малолетнички.

Според Ангеловски, полицијата во координација со Јавното обвинителство презема соодветни мерки и активности за документирање на овие случаи по што ќе следат соодветни пријави. Тој додава дека се работи на детектирање и приведување и на други лица кои се вклучени во случајот.

Како што веќе знаете „Јавна соба“ е затворена, но отворена е друга група и работиме на детектирање на тие членови. Се работи за нова група во која е направен трансфер на членови од претходната, но имаме група и со членови од Србија. Во моментов работиме на детектирање на сите овие инволвирани со цел санкционирање – вели Ангеловски.

Тој додава дека сите членови на групите не се со исто кривично дело, односно секој ќе одговара за делото кое го направил.

Доколку некој споделувал порнографска содржина или содржина со малолетници, ќе се постапува соодветно и кривичното дело ќе биде посочено. Не се сите членови со исти кривични дела – вели Ангеловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.