Секторот за внатрешни работи Скопје – Полициска станица Бит Пазар, по преземени мерки и активности, расчистил неколку кражби на велосипеди на територијата на Скопје.

На 25.03.2021, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на И.Р.(28) од Скопје, при што биле пронајдени пет велосипеди, кои биле одземени од неговиот татко Н.Р.(52), кој бил присутен на претресот. На 14.04.2021 било извршено препознавање на велосипедите и два биле вратени на сопствениците кои биле украдени во мај и јуни 2019 година – информираат од МВР.

По целосно документирање и расчистување на случаите ќе биде поднесена кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.