Прилепчанецот С.М. отишол во домот на Џ.О. за да се договорат околу нерасчистени должничко-доверителски односи, но договорот се изјаловил, па откако не се разбрале со пцости, заиграле тупаници. Џ.О. бил во предност, на своја страна ги имал сопругата и братот.

Во петокот околу 18 часот во прилепската полициска станица 42-годишниот С.М. од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 14 часот отишол во домот на Џ.О. со цел да се договорат околу нерасчистени должничко доверителски односи, а присутни биле и неговата сопруга и братот. Настанала вербална расправија и во еден момент Џ.О. со тврд предмет го удрил С.М. во пределот на левото рамо, а потоа и неговиот брат физички го нападнал.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.