Осум пожарникари со три возила го гаснеа огнот во куќа на улица „Димо Хаџи Димов“ во Скопје попладнево.

Причина за предизвикување на пожарот е електрична инсталација, а причинета е материјална штета во висина од девет илјади денари.

Попалднево на улица „Цветан Димов“ во Скопје исто така поради електрична инсталација избувнал пожар во приватен стан. Во гаснењето на огнот учествувале две возила со петмина пожарникари. Пожарот зафатил 10 квадратни метри, а штетата се проценува на  50 000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.