Регионалниот центар за Гранични работи Исток поднесе осум кривични пријави за лица кои на граничниот премин „Деве Баир“ прикажале фалсификувани ПЦР-тестови за коронавирус.

Како што соопшти МВР, кривични пријави се поднесени против Е.М.(34), Ф.Х.М.(33), двајцата од село Врапчиште, Гостиварско, Е.И.(31), Џ.И.(29), двајцата од Гостивар, Н.А.(42) од Кондово, Скопско, В.Б.(22), А.М.(35), двајцата од Студеничани, Скопско и Б.С.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела „фалсификување исправа“ и осум кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“.

Пријавените, на Граничен премин „Деве Баир“ доставиле на увид негативни ПЦР-тестови, но при вршење на дополнителна проверка било утврдено дека тестовите се фалсификувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.