Основниот суд Велес му пресуди осум години затвор на кавадарчанецот Благој Пешиќ (69) за полов напад врз дете кое не навршило 14 години, пишува сдк.мк. Пресудата ја изрече судијата Шефшет Адеми, а обвинетиот негираше дека е сторител.

Ја прифаќам, но не се согласувам. Јас сум невин и ќе се жалам на апелација“, кажа Пешиќ.

За настанот за кој му се судеше на Пешиќ МВР информираше на 29 март 2017, кога во полициска станица во Кавадарци бил пријавен полов напад врз 13-годишна ученичка од страна на нејзиниот тренер по стрелаштво. Тој во повеќе наврати во претходните три месеци вршел обљуба врз ученичката, последен пат дента околу 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.