Полициски службеници привеле скопјанец за издржување казна затвор, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на подрачјето на Бит Пазар го лишија од слобода А.С.(39) од Скопје. Тој се барал со судска наредба за издржување казна затвор. А.С. бил приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната, се наведува во соопштението на МВР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.