Осуденик од Свети Николе додека ја издржувал казната затвор поседувал дрога. Според полицијата, при претрес во затворската келија пронајдена е прашкаста материја.

На 05.04.2021 во 18.05 часот во Полициската станица Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при претрес кај осуденото лице Ѓ.В.(26) од Свети Николе била пронајдена прашкаста материја.

Од страна на полициски службеници од СВР Штип прашкастата материја е одземена за понатамошна постапка.

По комплетирање на случајот против Ѓ.В. ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во билтенот на МВР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.