Основниот суд од Битола му изрече ослободителна пресуда на поранешниот градоначалник Владимир Талески за кривичното дело несовесно работење во службата.

Станува збор за обвинение од ОЈО против Талески за време на неговите мандати како градоначалник на Битола, не водел грижа за зградата на Офицерскиот дом и лустерот во него, не го обезбедил објектот и не презел сè со што било потребно за негова заштита, со што нанел штета на Општина Битола.

Судот за овој процес уште на 14 февруари годинава донел ослободителна пресуда, но од таму за локалниот портал „Апла“ посочуваат дека е првостепена и не правосилна.

За другиот судски процес што против Талески се водеше исто така во Онсовниот суд во Битола за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување изречена му е алтернативна мрека, односно Условна казна со утврдена казна затвор од една година и рок на проверка од три години.

Предудата била донесена во јули година и не е правосилна, велат од судот за Апла.мк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.