Од вечерва во притвор во Шутка се обвинетите во „Монструм” Фејзи Азири и Агим Исмаиловиќ, чиј брат е се уште е во бегство, заедно со Алил Демири за монструозното убиство кај Смилковското езеро пред осум ипол години. За Хаки Азири и Сами Љута, не беше побаран притвор. Азири треба место два пати, секој ден да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје.

Исмаиловиќ и Демири избегаа веднаш по петкратното убиство, во кое настрадаа 4 момчиња, на возраст од 18 до 21 година и рибар кој се затекнал на местото на масакрот.

Засега сите се обвинети за тероризам.

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција во предметот „Монструм” им одреди притвор на двајцата од обвинетите, поради опасност од бегство.

Притворот бил изречен по денешното судење, на предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција, застапувано на ова судење од обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Азири и Исмаиловиќ во Шутка ќе бидат до изрекување на првостепената пресуда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.