Александар Василевски-Нинџа, кој беше главен сведок за предметот „Организатори на 27 април“, доби нова затворска казна, пишува а1.он. Тој вчера е осуден на шест месеци затвор за помагање при бегство на Горан Грујовски, поранешен началник на Петтата управа во УБК и неговиот соработник Никола Бошковски.

Осудителната пресуда е донесена по признание на вина од страна на Нинџа. До овој момент нема детали од пресудата.

Грујовски и Бошковски избегаа во јули 2017 година. Беа уапсени во октомври истата година на аеродромот во Солун, кога со лажни бугарски пасоши се обиделе да се качат на авион за Будимпешта. Потоа, беа во екстрадиционен притвор. Никогаш не беа екстрадирани поади помилувањето дадено од екс-шефот на државата, Ѓорге Иванов.

Нинџа ѝ стана познат на јавноста кога прво беше обвинет за упадот во Собранието на 27 април и доби 7 години затвор, а потоа беше сведок, по барање на обвинителката Вилма Русковска, бидејќи, како што кажа, случајно се нашол на местото каде се договарал упадот во Собранието.

Тој неколку пати ја променуваше својата официјална изјава пред судот, но сепак беше третиран како кредибилен сведок, за што добил привилегии како пониска затворска казна и подобри затворски услови. Се најде и на листата за помилување со кое требаше да го даде претседателот Стево Пендаровски, но по бурните реакции во јавноста помилување никој не доби.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.