СВР Скопје – Единица за економски криминал поднесе кривична пријава против С.З.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ и против М.Г.(54) од Прилеп, со живеалиште во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ во врска со кривично дело „помагање“.

Пријавените, вработени како контролори во Фондот за здравствено осигурување – Подрачна единица Скопје, во периодот од 16 до 19 декември извршиле контрола во приватна здравствена установа и по констатираните пропусти во работата, првопријавената од сопственикот-оштетеното лице побарале парична награда – поткуп од 30.000 денари за нив двајцата и за уште едно лице – контролор за да не му биде изречена санкцијата. Второпријавениот, после тоа, неколку пати телефонски разговарал со сопственикот на ординацијата и го договорил местото за примопредавање на паричните средства.

Откако биле договорени деталите, на 23.12.2019 во ресторан на бул. „Филип Втори Македонски“ оштетениот им ги дал побараните парични средства.

Истиот ден лицата биле лишени од слобода и приведени, а при извршен преглед кај нив биле пронајдени паричните средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.