Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф. (37) и Ж.Р. (28), двајцата од Охрид за сторени кривични дела „изнуда” и „насилство“.

Минатиот викенд во Охрид во угостителски објект на улица „Кленоец“, првопријавениот кој бил заедно со второпријавениот, физички го нападнал А.П. (54) од Охрид, при што му побарал 2.000 евра и патничко моторно возило, кое требало да биде пренесено на второпријавениот. При тоа, второпријавениот ги спречувал гостите да влезат во објектот, додека А.Ј. (46) од Охрид не сакал да го напушти објектот, по што првопријавениот физички го нападнал.

Првопријавениот упатувал закани и кон други лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.