Вчера околу 16 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, пријавено е дека В.Т. (53) од Охрид била нападната од кучиња, сопственост на В.Б. (38) од Охрид.  И.М. (50) од Охрид се обидел да и помогне, но и тој бил нападнат.

В.Т. и И.М. биле пренесени во Општата болница во Охрид.

СВР Охрид против В.Б. (38) од Охрид по документирање на случајот ќе поднесе соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.