Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(44) од Охрид.

По медицинскиот наод дека е позитивен, тој, непочитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид. Притоа, се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23.03.2020 година, бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.