Полицијата поднесе кривична пријава против 63-годишниот А.М. од Охрид заради непридржување на мерката за самоизолација.

Полицајците констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за 14-дневна самоизолација. Ден претходно кога авионски допатувал од Холандија во Скопје потпишал изјава дека поради тоа што доаѓа од земја што е на Листата од СЗО зафатена од коронавирус COVID – 19 ќе спроведе задолжителна самоизолација во својот дом во времетраење од 14 дена.

Кумановската полиција пак поднесе ккривични пријави против Н.Т. (39) и против Н.К.(50), двајцата од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Н.Т., враќајќи се од Италија, како високо ризична земја утврдена во листата на Светската здравствена организација, на 15 овој месец влегол во Македонија преку ГП „Ќафасан“, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово тој не бил пронајден на адресата која ја навел во изјавата.

Пријавениот Н.К. пак, враќајќи се од Австрија како високоризична земја, утврдена во листата на Светската здравствена организација, на 16 овој месец влегол во Македонија преку ГП „Деве Баир“, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници тој не бил пронајден на наведената адреса во изјавата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.