Кумановската полиција во два одделни случаи уапсила четворица осомничени за тешка кражба.

Двајца се сомничат дека краделе од две куќи и деловен објект, другите двајца, пак, краделе од гаража.

Утрово во 06:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода М.З. (29) и Р.Е. (47) поради постоење основи на сомнение дека во три наврати, на 19 февруари, 9 и 19 април годинава, со употреба на сила влегле во две куќи и еден деловен објект и одзеле разни предмети.

 

Исто така, утрово во 06:50 часот, кумановската полиција врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода Ч.М.(19) и Е.С.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 3-ти февруари годинава, со употреба на сила од гаража на Ф.Н. на улица „Пелинска“ одзеле повеќе разни предмети – соопштија од СВР Куманово.

Четворицата уапсени биле спроведени во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.