Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров поднесе кривична пријава против Ш.Д.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

На 24 ноември на паркинг простор на бул.„Јуриј Гаргарин“ во Скопје, Ш.Д. со тврд предмет го скршил предното стакло од патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на АД „МЕПСО“, при што одзел лаптоп и други предмети и се стекнал со противправна имотна корист од околу 65.000 денари.

По преземени мерки било утврдено дека пријавениот е сторител на делото, а по извршен претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното делото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.