Скопското обвинителство поднесе обвинение против две лица за кражба на Средно Водно.

На 10 ноември, обвинетите, заедно со уште едно малолетно лице, од патничко моторно возило „Јагуар“ со српски регистарски ознаки, паркирано на паркинг-просторот на Средно Водно, одзеле: женска чанта марка „Гучи“, два пара очила марка „Гучи“, еден пар очила марка „Миу Миу“ и парични средства во износ од 1.710 денари и 2.670 српски динари. Вкупната вредност на украдените предмети изнесува 300.000 денари. Обвинетите со употреба на погоден тврд предмет го скршиле стаклото од предната совозачка врата, од предното совозачко седиште ја одзеле ташната и го напуштиле местото – соопштуваат од Обвинителството.

Јавниот обвинител за првиот обвинет достави предлог за определување мерка притвор, додека вториот обвинет веднаш е спроведен во КПУ „Идризово“ за издржување на други казни.

Против малолетното лице ќе биде спроведена посебна постапка, согласно Законот за права на децата.​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.