Во 20:23 часот СВР Струмица заедно со инспекторатот за животна средина имаа заедничко дејствување во турското маало во Струмица откако претходно до Општина Струмица од стотици граѓани била покренета петиција против гласното пеење на оџата од џамијата. Заедничкото дејствување било со цел да се измери јачината на звукот, но околу 300 верници од исламската вероисповед излегоа на улицата кога полицијата пристигнала во турското мааало, мислејќи дека тие ќе го забранат пеењето на оџата.

Од СВР Струмица за порталот Струмица денес изјавија дека дејстувањето било најдобронамерно со цел да се измери јачината која вечерва покажала дека е поголема од дозволената. Како што велат очевидци за порталот Струмица денес дошло до инцидент бидејќи дел од насобраните верници извикувале дека ќе ја запалат црквата „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“.

Православното население кое живее во истото маало вели дека тие нема проблем со џамијата како објект, ниту пак против луѓето од исламската вероисповед, но треба да се внимава на пресилната бучавост од звучниците на џамијата.

Од СВР Струмица велат дека ќе биде побарана средба со верските заедници и проблемот во најбрзо време да биде решен на мирен начин без никакви дополнителни инциденти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.