Скопскиот кривичен суд вечерва му одреди триесетдневен притвор на државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија, кого Обвинителството го сомничи дека наместил тендер вреден над еден милион евра. Мерката притвор е изречена поради опасност од бегство и поради можноста да го повтори делото.

МВР се сомневаат дека тој заедно со колега земале пари и овозможиле предност за фирма која го добила тендерот за да спроведе ИПА проект вреден над еден милион евра, за координација на обуките во јавната администрација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.