Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, денеска му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет. Веста за притворот на Панчевски, ја објавија од „Коалиција Сите за правично судење”, од каде појаснуваат дека притворот е одреден поради обезбедување на присуство на судењето за предметот „АКМИС“.

На денешното рочиште за предметот „АКМИС”, кој се води во ОС Велес, не се појавиле ниту обвинетиот Пачевски, а не бил присутен ниту неговиот правен застапник.

Судењето за овој предмет за злоупотреба на АКМИС системот требаше да почне наесен, но досега овој судски процес не е започнат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.