Одбраната на 22 годишното момче кое ја прегази 24 радовишанка на раскрсницата кај Сити мол, ќе поднесе жалба на притворот, велат од адвокатскиот тим за ТВ 24.

Според информациите, тие ќе го спорат притворот по сите три основи – повторување на делото, кое го аргументираат дека со одземена возачко момчето и нема да вози, влијание на сведоците дека не може да изврши, бидејќи им се земени исказите, а и тврдат дека нема да бега, за што велат може да биде одземена патната исправа.

Судија на претходна постапка синоќа му одреди мерка притвор од 30 дена на возачот кој во четвртокот вечерта на пешачкиот премин кај Сити мол ја прегази Викторија Николова од Радовиш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.