ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга и А.С.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела: „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во комјутерски системи“.

Како што соопштија од МВР, првопријавениот П.С. во септември 2021 година, преку комуникација на социјалната мрежа „Фејсбук“, довел во заблуда 26-годишник од Кавадарци и успеал да дојде до неговите лични податоци, кредитна картичка и трансакциска сметка. После тоа, податоците ги искористил за подигање на кредити во повеќе финансиски друштва во име на оштетениот, како и за онлајн нарачки од различни продавници. Паричните средства и производите завршиле на адреса кај второпријавената А.С. од Скопје, сопруга на првопријавениот, кој се наоѓал на издржување затворска казна во Казнено-поправна установа Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.