Од срцев удар почина Митко Аврамоски, татко на младиот Бобан Аврамоски кој загина во несреќата кај Ласкарци што се случи во февруари 2019 година.

Митко, кој се бореше за правда и беше еден од најгласните од семејствата на жртвите од несреќата, не издржа да го дочека утрешното рочиште за случајот „Ласкарци“.

Тој беше вработен во МВР-Гостивар, а младиот Бобан беше неговото единствено дете.

Митко почина на 55-годишна возраст.

Новото рочиште за случајот „Ласкарци“ ќе се одржи утре, а обвинети се сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт, Ремзи Мифтари, возачот на автобусот Маноил Трифуновски и уште тројца вработени во станицата за технички преглед во сопственост на Белули.

Тие се обвинети за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Автобуска несреќа се случи на 13 февруари во 2019 година кај селото Ласкарци во која загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени.

Според обвинението, главната причина за несреќата се неисправните сопирачки на автобусот и брзото возење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.