Едно лице е убиено во синоќешната престрелка што се случила во скопската населба Бутел велат од МВР од каде повеќе детали најавуваат за во текот на денов. Неофицијално, починало и второто лице кое било во возилото „голф“ кон кое било пукано.

Според пишувањата на медиумите, загинати се скопјанецот Камер Идризи (42) и негов роднина, познати на полицијата по пукањето во „Александар палас“ во 2019 година.

Мотивите за убиството на Идризи, кој во Бутел е познат како Камбер, и тоа на големиот верски празник Рамазан Бајрам за сега не се познати.

Како што дознава 24 Инфо, зад воланот на „голфот“ бил внукот на Идризи кои биле паркирани во близина на еден ресторан. Тогаш во нив било пукано од црн џип од кој пукале најмалку двајца. Убијците биле со „калашникови“ и испукале голем број на куршуми. Неофицијално, биле испукани околу 90 куршуми, а полицијата на местото пронашла две испразнети рамки од автоматски пушки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.