На територијата на град Скопје изречени се вкупно 245 мерки, вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли, од кои 35 санкции биле за возење без возачка дозвола.

Меѓу останатите, за непочитување на брзина на движење санкционирани се 39 возачи, а 11 за некористење сигурносен појас.

МВР денеска соопшти дека се изречени и 10 мерки за користење на мобилен телефон, пет за возење под дејство на алкохол и 69 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.