Одбраната во случајот „Насилство во општина Центар“ денеска поднесе Поднесок до судијата Душан Јосифов во кој го спорат ангажирањето на вештак од Србија кој ги анализирал разговорите меѓу лицата Миле Јанакиески, Никола Груевски и Орце Камчев.

Одбраната прашува од кои причини тогашното Специјално јавно обвинителство се одлучиле да ангажираат вештак од Србија, што е спротивно од членот 236, став 1 од ЗКП според кој вештачењето можат да го вршат само вештаци од Македонија.

Затоа тие бараат  од Судот повторно ветачење на двете цедеа од лиценцирани вештаци од Македонија при што доставиија листа од 12 вештаци.

И покрај укажувањето од одбраната, судијата Јосифов денеска му дозволи да образложува на кој начин ги вештачел материјалите што ги добил од Обвинителството.

Јовичиќ објасни дека не знае дали цедеата се оригинал или копија и оти не навлегувал кога тие се креирани. Но, призна дека таква анализа од други лица е можна.

Постојат софтвери кои може да ги модифицираат гласоците-објасни вештакот од Србија.

Тој дообјасни дека негова потесна специјалност е идентификација на гласови а не кога разговорите се креирани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.