Сè уште нема информации колкумина се повредени и во каква состојба се по тешка сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците „Франклин Рузвелт“ и „Теодосиј Гологанов“ во центарот на Скопје.

До несреќата дошло кога автомобил „пасат” со скопски регистарски ознаки удрил во две други возила. Од силината на ударот, се одбил и попатно соборил столбови на улицата.

Сведок на несреќата за „Канал 5“ вели дека црниот „пасат“ ја поминал крстосницата на црвено светло и директно удрил во другото возило. Неофицијално, телевизијата дознавадека две лица се тешко повредени.

Полицијата изврши увид и утрово се очекуваат повеќе детали од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.