Скопското основното јавно обвинителство поднесе жалба на решението од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје со кое притворот за две лица обвинети за сообраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ е заменета со гаранција и определени мерки на претпазливост.

Решението на судот се однесува на возачот на автобусот и на раководителот на станицата за технички преглед обвинети за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, информираат од Обвинителството.

Во поднесената жалба се истакнува дека и натаму постои опасност од бегство на обвинетите како основ за притворска мерка и дека ниту една друга мерка не е доволна гаранција за обезбедување на нивното присуство во текот на кривичната постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.