Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за тешки дела против општата сигурност и му се определени мерки за претпазливост.

Осомничениот Љ.С. на 56 годишна возраст во кругот на еден деловен субјект, на булеварот „Србија“ во Скопје, со пожар предизвикал значителна опасност по животот и телото на две лица и поголема имотна штета.

Имено, тој наточил бензин во пластично шише од блиската бензинска пумпа и се упатил до правното лице. Притоа се доближил до паркираниот автомобил БМВ X6 во сопственост на управителот на правното лице , 51- годишниот И.И. , , го полеал со бензин и со запалка го запалил. Причина за тоа, според привичните информации се неколку неисплатени плати кон Љ.С..

Според пријавеното, Љ.С. го испрскал и И.И. со бензин.Оштетените се обиделе со противпожарни апарати да го локализираат пожарот, но не успеале во тоа.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерки на претпазливост за осомниченото лице – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува повремено кај определено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетениот управител на правното лице, соопштува Обвинителството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.