Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе жалба на одлуката на Кривичниот суд да му биде одреден куќен притвор, а не ефективен притвор, како што бараше Обвинителството, на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Обвинителката која ја води истрагата, Ивана Трајчева вели дека тие поднеле доволно докази за околностите за одредување на притвор.

Обвинителството приложи доволно докази за да ги докаже околностите поради кои бара да биде одреден притвор. Со мерката куќен притвор сметаме дека и понатаму ќе постои опасност од влијание на сведоците и останатите материјални докази кои треба да бидат прибавувани, изјави Трајчева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.